МАЛКУ НЕДОСТАСУВАШЕ ДА ПАДНЕ ВЛАДАТА НА ТЕРЕЗА МЕЈ: За само шест гласа нема да се гласа недоверба на британската премиерка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На противниците на британскиот премиер Тереза ​​Меј од нејзината Конзервативна партија им недостасувааат шест гласови за да се иницира гласањето за доверба на премиерот.

Британски “Сан” објави дека 42 членови на Конзервативната партија дале гаранции дека ќе гласаат за недоверба  на Тереза ​​Меј , а поребни се 48 гласа, потсетува Ројтерс.

Британската премиерка вчера изјави дека, според информациите со кои таа располага, сеуште не се собрани потребниот број на гласови за да биде започната постапка  за гласање недоверба од страна на Конзервативната партија.

“Колку што знам, не е”, рече Mej за “Скај њуз”, одговарајќи на прашањето дали е постигнат прагот за формално гласање за доверба, изјавија официјални лица.

За да гласањето за недоверба биде иницирано, од суштинско значење треба 48 пратеници од Конзервативната партија на премиерот да предадат писмо до претседателот на Комитетот задолжен за раководството на партијата.

Толку барања се уште не пристигнале, фалат уште 6,  потврди за Би-Би-Си и претседател на тој комитет, Грахам Брејди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This