March 29, 2024, 10:32 am

МАКРАДУЛИ: Во Македонија може да се увезе отпад само ако се преработува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За „Дрисла“ треба да се применат најдобрите светски пракси и во нашата држава да имаме сигурен капацитет, оценува заменик министерот во Министерството за животна средина Јани Макрадули кој истакна дека Министерството никогаш на „Дрисла“ не им издало лиценца за увоз на отпад.

-Конечно после две години градоначалникот на градот Скопје Петре Шилегов успеа на градот да му го врати тоа што е на Градот Скопје. Тоа што требаше да биде „Дрисла“ за жал не се реализира и сега градот ќе стопанисува, а јас лично мислам дека грев „Дрисла“ да биде место во кое што само ќе се депонира отпад, ќе се става отпад и тој ќе расте нагоре. Ако во западноевропските земји постојат 445 станици, фабрики за преработка на отпад кој генерира енергија, мислам дека и ние треба да ги следиме најдобрите светски пракси, и во нашата држава да направиме сигурен капацитет. Како што е познато ние во јавноста објавивме дека ние како МЖСПП не сме издале нити една лиценца за увоз на отпад на претпријатието или компанијата „Дрисла, изјави Макрадули одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета во Битола.
Тој појасни дека во РС Македонија не може да се увезе отпад за да се чува, а бидејќи во „Дрисла“ отпадот може само да се чува, тоа значи дека такви лиценци не може да се издадат.

-Во РС Македонија може да се увезе отпад само ако се преработува, а не да се прават нови ридишта со отпад и затоа не постои дозвола за „Дрисла“ да увезува, потенцира Макрадули

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This