МАКРАДУЛИ НЕ ЗНАЕ КАДЕ СЕ 30 МИЛИОНИ ЕВРА ОД АКЦИЗАТА ЗА ГОРИВО: Владата ќе се бори против загадувањето со паркчиња во школите и 40 автобуси на гас, мерните станици не биле веродостојни!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До сега државата има акомулирано повеќе од 30 милиони евра од акцизата за горивата која ја воведе. Нема одговор каде завршиле повеќе од 30 милиони евра народни пари кои Владата ги прибра од акцизите за дизелот. Еко здруженијата прашуваат како со овие средства владата придонела за екологијата, како што беше ветено при зголемувањето на давачката. 

Од министерството вешто го избегнаа прашањето за парите од зголемената акцизата и започнаа да ги презентираат проектите кои се во фокусот во 2019.

Со помош на меѓународни проекти Макрадули верува дека во следниот период ќе обезбеди нови поверодостојни  технологи кои ќе го мерат загадувањето.

Од програмата која беше презентирана владата планира поврзување на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје на топлинскиот оператор. Во моментов таму има 490 студенти, а загревањето е на мазут и во зимскиот период се троши 230 тони. Годишно има трошоци од 7,1 милиион денари, од кои пет милиони ги покрива државата. Со поврзувањето на топлинскиот оператор трошоците, како што рече, ќе се намалат на околу 5,3 милиони денари.

Втората активност е концептот „Зелен лист – воздух чист“. Се работи за иницијатива на Факултетот на земјоделски науки и храна и Шумарскиот факултет во Скопје во секоја скопска општина, односно во едно основно училиште и една градинка, да се создаде парк од студентите. Таму да се засадат садници кои се автохтони и се произведуваат во Македонија, од опитното поле на нивниот кампус кој е 63 хектари.

Третата активност е набавката на автобуси на гас која треба да ја спроведе град Скопје и ЈСП, а сопред изјавата на шефот на кабинетот на градоначалникот Шилегов, Никола Николовски обелодени дека ќе набават 40 дводелни автобуси на плински погон.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This