April 25, 2024, 10:18 pm

Макрадули: Пошта има потреба од 50-ина вработувања, многу луѓе отидоа во пензија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како компанија имаме потреба од нови вработувања, но се уште немаме објавено оглас. Старосната структура во Пошта е многу висока и 56 луѓе веќе заминаа во пензија, повеќето од нив со високо образование, кажа денеска генералниот директор на АД „Пошта на С Македонија”, Јани Макрадули.

Тој вели дека приоритет на Управниот одбор е да го подобри технолошкиот процес во Пошта, кој има потреба од 50-тина нови вработувања, напоменуваќи дека не е планирано да се вработат толку лица во овој период.

-Во овој период има и многу поштари разнесувачи кои го оствариле правото на пензија и заминуваат. Мораме да најдеме решение, бидејќи согласно Законот за поштенски услуги во секоја од 340-те поштенски единици мораме да имаме и поштари, рече Макрадули во одговор на прашање по денешната работна посета на Поштата ЕПМ 1013 Шуто Оризари, рече Макрадули.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This