March 29, 2024, 10:37 am

(Видео) Макрон до Заев: Вашата земја заслужува да ги почне преговорите без одложување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев денес оствари среба со францускиот претседател Емануел Макрон. По средбата беше одржана азедничка прес конференција на која францускиот претседател му го порача на премиерот Зоран Заев дека Македонија заслужува да ги отпочне преговорите за влез во Европската унија.

„Вашата земја заслужува да ги почне преговорите без одложување“, изјави Макрон на заедничката прес конференција со Заев.

Емануел Макрон нагласи дека во изминатите 28 години, откако се воспоставени дипломатските односи меѓу Франција у Македонија, земјата имала активна улога во помагање на демократските процеси. Рече дека е горд на неговата земја што активно партиципирала во воспоставувањето на демократијата во Македонија.

Премиерот Заев од своја страна му се заблагодари на Макрон, во име на Владата и граѓаните на Македонија за поддршката, посочувајќи дека денешната средба ги збогатува пријателските врски меѓу двете земји, во годината кога одбележуваме 28 години од воспоставените дипломатски односи со Франција.

– Посебно место во развојот на македонско-француското пријателство има и претседателот Макрон, со неговата јавна поддршка за Договорот од Преспа. Пред нас е самитот на ЕС во јуни и тој е вистинска можност за чекор напред и решение за отргнување на блокадата на нашиот европски пат. Дијалогот носи решение, истакна Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This