Макрон: Нема милост за инцестот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција ќе ги заостри законите за инцест, изјави денеска претседателот Емануел Макрон во серија твитови, по објавувањето на книгата, во која познатиот француски политички аналитичар е обвинет за злоупотреба на неговата паштерка, предизвика бес и реакции низ целата земја.

Макрон на својот профил на Твитер изјави дека Франција треба да ги прилагоди своите закони со цел подобро да ги заштити децата од сексуално насилство и побара од министерот за правда да ги води консултациите чија цел е брзо и итно да се донесат законски предлози.

„Ние ќе ги гониме агресорите“, рече Макрон.

Претседателот рече дека Франција веќе го продолжила статутот на ограничување на инцестот на 30 години, сметајќи од возраста на жртвата и дека ја засили контролата врз луѓето кои работат со деца, но рече дека треба да се направи уште многу.

Тој додаде дека како дел од рутинските медицински прегледи за деца, Франција ќе воведе сесии за инцест во основните и средните училишта со цел да им се даде на децата можност да разговараат за ова прашање.

Тој исто така рече дека жртвите од инцест ќе имаат подобра психолошка помош, која ќе биде покриена со социјалното осигурување.

Во последниве недели, стотици луѓе ги споделија своите приказни за инцест на социјалните мрежи по објавувањето на книгата во која се обвинува францускиот професор и уставен експерт Оливие Дијамел за злоупотреба на неговата паштерка.

Книгата е напишана од паштерката на Дијамел, Камиј Кушнер, ќерка на поранешниот министер за надворешни работи и основач на невладината организација „Лекари без граници“, Бернард Кушнер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This