МАКРОН НЕ ДАДЕ ОСТАВКА: Наместо тоа вети зголемување на минималната плата и даночни измени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот претседател Емануел Макрон вети покачување на минималната плата и даночни измени, како одговор на неколкунеделните насилни протести.

Во Франција се случија масовни насилни протести против покачувањето на данокот за гориво, трошоците за живот и други давачки.

Макрон во своето телевизиско обраќање рече дека гневот на граѓаните кои протестираат бил „длабок и на многу начини легитимен“.

Тој рече дека минималната плата од 2019 година ќе се зголеми за 100 евра.

Планираното зголемување на данокот за пензионерите со ниски примања ќе биде откажано.

Многумина беа несреќни со условите за живот и се чувствуваа како да не се слушнати. Претпоставувам дека и јас имам удел за тоа. Јас можеби сум ви дал чувство дека имам други грижи и приоритети. Јас знам дека некои од вас беа повредени од моите зборови – рече Макрон.

Парискиот јавен обвинител соопшти дека речиси илјада луѓе, од кои 100 малолетни лица, викендот се задржани во притвор по насилните протести во главниот град на Франција.

Канцеларијата на обвинителството побарала прелиминарно обвинение против лицата за кои се верува дека се одговорни за испишување графити на Ајфеловата кула минатиот викенд.

Против 13 лица веќе е подигнато обвинение за вандализам.

Според обвинителството, поголем дел од уапсените немаат криминални досиеја и повеќето се мажи помлади од 40 години, од различни региони, кои во саботата дошле на протестите во Париз.

Протестите на „жолтите елеци“ започнаа кон средината на ноември со блокади на патиштата поради најавеното зголемување на таксите за горивата, но изминативе недели во неколку наврати прераснуваа во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This