Макрон се вклучи во дипломатската вojна помеѓу Русија и земјите на пpoгонетите дипломати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија протерала тројца европски дипломати затоа што присуствувале на недозволените собири за поддршка на уапсениот руски опозиционер Алексеј Навални.

Протераните дипломати се од Германија, Полска и Шведска, пишува „ЕУ-опсервер“, повикувајќи се на извор во Унијата.

Според информациите од порталот, тоа било сторено за време на прес-конференцијата на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва.

Борел е во официјална посета на Москва.

„Се солидаризирам со трите земји чии дипломати се протерани“, рекол
Макрон по виртуелниот состанок со германската канцеларка, додавајќи дека многу остро го осудува однесувањето на Москва кон опозиционерот Навални.

Германската канцеларка Ангела Меркел го осудила протерувањето на германскиот дипломат од Москва, изјавувајќи дека тоа е само уште еден чекор наназад во владеењето на правото.

Таа на прес-конференција по видеосредба со францускиот претседател Емануел Макрон посветена на одбраната и безбедноста, рекла дека верува оти протерувањето е неоправдано, пренесува „Ројтерс“.

„За време на состанокот добивме вест за протерувањето“, нагласила Меркел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This