Макрон ја oбвини Русија за aнтифpaнцуското расположение во Африка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека зголемувањето на анти-француското расположение во Африка е наводно поврзано со стратегијата на Русија и Турција.

„Постои стратегија што понекогаш ја користат африканските лидери, особено странските земји како Русија и Турција, кои играат на картата на постколонијалните чувства на Африканците. Не треба да се биде наивен по ова прашање – многу од оние кои даваат такви изјави, кои прават снимки, кои се присутни во медиумите кои известуваат на француски јазик, биле поткупени од Русија или Турција“, рече францускиот лидер во интервју за францускиот неделник „Џон Африка“, одговарајќи на прашањето како го објаснува растот на анти-француското расположение во Африка.

Макрон ги повика Африканците да не бидат затвореници од минатото, нагласувајќи дека тоа ќе има страшни последици врз односите меѓу Франција и Африка. 

Тој додаде дека не ги побива настаните од минатото, но посочи дека до денес, судбините на Франција и африканските земји се тесно испреплетени и дека овој факт не може да се игнорира.  

Русија во повеќе наврати ги негираше обвинувањата на Западот за вклучување во демократски процеси и внатрешни работи на други земји.

До средината на 20 век, Франција контролираше значителен дел од Западна и екваторијална Африка, а по падот на колонијалната империја, Париз го задржа своето влијание врз многу поранешни колонии.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This