Макрон: Bakцинитe ce „нoв тип нa cвeтcкa вojнa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европа се соочува со „нов вид светска војна“ околу вакцините, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за весникот „Ле Фигаро“ на прес-конференцијата по првиот ден од виртуелниот самит на ЕУ.

Според него, тоа се должи, меѓудругото, на „желбата на Русија и Кина да го прошират своето влијание низ целиот свет преку вакцините“.

Францускиот лидер изрази став дека во сегашната ситуација Европа треба да биде независна во производството на таквите лекови.

Макрон додаде дека во следните месеци Европа ќе го зголеми производството на вакцини против коронавирусот и ќе стане најголемиот производител на вакви препарати. Истовремено, францускиот претседател предложи да се блокира извозот на вакцини доколку производителот не ги исполни своите обврски за испорака во Европската унија. Тој истакна дека компаниите „Фајзер“ и „Модерна“, за разлика од „АстраЗенека“, ги исполнуваат своите обврски.

Европскиот комесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон, претходно изјави дека на Европа нема да и треба руската вакцина „Спутник V“, бидејќи во Европската унија веќе се одобрени четири други лекови, што ќе биде доволно за да се постигне имунитетот на стадо.

Италијанскиот премиер Марио Драги, меѓутоа, не ја исклучи можноста Рим да ја нарача руската вакцина поради отсуството на координација во ЕУ.

Како што забележа германската канцеларка Ангела Меркел, ЕУ мора да дозволи употреба на „Спутник V“, а доколку ЕУ не ја нарача вакцината Германија тоа ќе го стори самата. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This