МАКСИМАЛНА ВУЛГАРНОСТ ОД ФФМ: Од ФФМ му донираа спортска опрема, на човекот кој нема што да јаде!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешната вардарова легенда Венцислав Симоновски по четири години повторно доби струја, откако претседателот на Синдикатот на фудбалери, Панче Ќумбев и поранешната легенда на Вардар, Саша Ќириќ ја подмириле сметката за струја, но прописно се избламира Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) која на легендарниот фудбалер му донираше – спортска опрема (?!) – пишува спортскиот портал „Спорт1“

Иако тивко најавуваа голема помош, од ФФМ денеска ама тотално се посрамотија, испраќајќи дрес и спортска опрема за легендата на македонскиот фудбал, која живее во мизерија и нема леб да јаде.

Посетата на двајцата бивши македонски репрезентативци во Делчево кај поранешниот лев бек на Вардар, Симоновски, членот на легендарната вардарова генерација од 1987 година која стана шампион на Југославија ја објави Ќумбев на својот профил. – објаснуваат од порталот.

„Денеска бевме во Делчево во посета на Венцо Симоновски. Јас како преставник од Синдикатот на фудбалери на Македонија и Саша Ќириќ, како преставник од Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ). Кичо се наоѓа во многу лоша здраствена и финансиска состојба. По разговорот со неговата снаа за брат која се грижи за него добивме информации и насоки на кој начин да му помогнеме. Со Саша планираме во најскоро време да ги собереме фудбалските ветерани и сите оние кои што сакаат да помогнат и да собереме средства за реновирање на куќата на Кичо и купување неопходни апарати за домаќинство. Во меѓувреме јас и Саша го подмиривме долгот кон ЕВН и после четири години Кичо повторно ќе има струја во својот дом. Од страна на ФФМ, Кичо доби комплет спортска опрема. П.С: Кичо праша за сите свои поранешни колеги и прати поздрав за сите“, напиша Ќумбев на социјалните мрежи.

Минатата недела објавивме за состојбата на Вардаровата легенда, Венцислав Симоновски кој беше оставен на работ на егзистенцијата, без струја, храна и основни егзитенционални потреби. Државата во сите овие години не успеала да му обезбеди спортска пензија.

Играше рамо до рамо со Дарко Панчев, Илија Најдоски, Чедомир Јаневски, Васил Рингов, Тони Савевски, Вујадин Станојковиќ и останатите во златната генерација на најтрофејниот македонски клуб Вардар во таа 1987 година, кога црвено-црните станаа југословенски шампиони. Одигра 29 меча во сезоната за незаборав на Вардар, ама Венцислав Симоновски буквално сите го заборавија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This