МАКСИМАЛНО ГЛУПИРАЊЕ: По вчерашниот состанок со Чичаковски, Манчевски излезе пред камери да лаже и да се глупира!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Класично фантомско фијаско за СДСМ. По две години криза и манипулација за наводни фантомски гласачи, избирачкиот список со идентичен број на гласачи како во 2014 година кога опозицијата доживеа катастрофален пораз од 200.000 гласа разлика.

viberimage-640x1138

Овие податоци ДИК на 30 август им ги доставил на сите политички партии, меѓу кои и на СДСМ, но од опозицијата не престануваат со манипулации.

„Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се во очај – нема да можат да фалсификуваат уште едни избори. Без изборен инжинеринг, ги очекува пораз на 11 декември“. Секој политичар со макар трошка совест би се засрамил од фактите што излегоа на виделина при прочистувањето на избирачкиот список. Но осомничениот Груевски не е таков политичар. Затоа неговата политичка кариера заврши. Бројките се фрапантни за сите што сакаат да живее во нормална држава. Вкупно 200.000 гласови и биле на располагање на власта за изборен инжинеринг. Веќе нема да може да бидат злоупотребени. Од нив, за 170.000 е констатирано дека се надвор од земјата и се ставени на посебен список, а 30.000 воопшто не постојат. Се потврдија проценките на СДСМ дека гласачкото тело во Македонија е еден и пол милион гласачи “ – стои во писменото соопштение на СДСМ.

Опозиционерите вчера глумеа збунетост кога ги прашавме што се случи со фантомите и прашаа, од каде ни се тие како што рекоа „неточни“ податоци.

Останува нејасно зошто СДСМ манипулира со бројките, особено ако се знае дека овој документ со потписот на Генералниот секретар во ДИК, инаку кадар на СДСМ едногласно е усвоен од Комисијата.

viberimage-640x1138
viberimage32-640x892

Истиот на Бихаќка пристигнал уште пред една недела и во него, јасно стои, дека бројот на гласачи во избирачкиот список, по направеното пречистување изнесува 1,7 милиони гласачи. Уште почудно е како може Дамјан Манчевски, кој е потпретседател на партијата да не знае, дека списокот со бројот на гласачи, стои во фиоката на Заев на Бихаќка.

За потсетување, фантомската игранка на СДСМ почна уште пред една година. Шеќеринска ја почна лицитацијата со половина милион фантоми, се спушташе на 300.000, Заев падна под 270.000 за на крајот, пресметките да покажат дека ќе одиме со истиот избирачки список и на овие избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This