„МАКФЕСТ“ УДPИ ПО НАВИВАЧИТЕ НА ВАРДАР: „Го yништивте и вулгapизиpавте безвременскиот хит“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Безвременскиот хит на сестрите Маријана и Росана, нумерата „Признавам“ која беше изведена на фестивалот за забавни мелодии „Макфест” во 1988-ма година, деновиве е повторно актуелен, но како обработка и навивачка химна на ракометниот шампион Вардар.

Обработката е дело на екипа Асови и композиторот Александар Митевски, а е насловена „Вардаре не те оставаме”.

Сепак, песната која за кратко време стана доста популарна кај навивачите на Вардар, не им се допаднала многу на одговорните од фестивалот „Макфест”. На Фесјбук страницата на фестивалот се објави реакција, во која се тврди дека со обработката се направила вyлгaризација и yништување на безвременскиот хит.

-Не e прв пат хитови од Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, со или без согласност да се користат во маркетиншки цели. Последново такво нешто е божемната химна на „Вардар“. Всушност тоа е песната со наслов „Признавам“ на авторот Тоде Новачевски, а 1988-ма година на сцената на Макфест ја отпеаја сестрите Маријана и Росана. Овој евергрин имаше повеќе преработки во зависност од мотивацијата на тие што сакале да го имаат овој безвременски хит, на своите аудио и видео записи. Сетоа тоа било во рамки на пристојноста. Но, ова е божемната химна на Вардар, е пpоста вyлгaризација и yништyвање на овој безвременски, макфестовски хит. Песната од лирична-љубовна, е зорлe направена да биде божем химнична. Се отишло премногу во невкyс, безгpанично во yништување на песната, наведено е во реакцијата.

Ова го пренесоа и преку РАДИО ШТИП.

ФОКУС стапи во контакт со Владимир Дојчиновски, уметничкиот директор на „Макфест“ по повод објавената реакција, за која тој вели дека најверојатно доаѓа од советот на фестивалот.

-Мој став е дека за секоја преработка треба да се побара дозвола од авторот, затоа што тоа е дело на интелектуална сопственост. Дали е сквеpнавење или не, тој одлучува на крајот, иако мислам дека тој што ја преработил имал искрена идеја. Сепак, требало да побара дозвола од авторот за да се стави како химна или како музика за реклама или било која цел, ако се употребува делото, посебно ако се менува текстот, изјави Дојчиновски за ФОКУС.

-Ја видов реакцијата, штом е ставена на страницата на фестивалот, најверојатно доаѓа од советот на истиот – вели тој.

Официјална информација, кој точно од „Макфест” стои зад обвинувањата дека песната е вyлгаpизирана и yништена – нема, анализира весникот.

Автор на легендарната „Признавам” е композиторот Тоде Новачевски. Песната е еден од многубројните евергрини кои сестрите Маријана и Росана ги оставија во ризниците на македонската песна. Истата доби и рок верзија пред пет години, кога рок бендот SheXpeare ја препеа, и имаше десетици илјади прегледи на каналот Јутјуб.

За препевот „Вардаре не те оставаме“ кој е актуелен деновиве, Росана Сариќ Тодоровска вели дека се е регурално и кој како сака и како љуби, така нека си ја пее песната.

-Уште вчера ја видов реакцијата на „Макфест”. Можам да кажам дека се е регуларно. Навивачите страствени на Вардар дојдоа и ме прашаа за дозвола, а знам дека го прашале и композиторот Тоде Новачевски, и од него добиле дозвола. „Признавам” е евергрин за сите времиња и за сите генерации, па се прашувам што има лошо ако сакале да ја направат химна на нашите најдобри ракометари. Таа и како химна на Вардар ќе биде препознатлива и одлична, и пак за сите генерации. Нас ни е чест што песната “Признавам” ја препеале нашите навивачи. И композиторот Александар Митевски направи се што можеше во позитивен контекст и апсолутно помогна, знаејќи дека е добиена дозвола од мене, од Маријана и Тоде, изјави Росана, пренесе ФОКУС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This