April 26, 2024, 10:48 pm

МАЛА РЕЧИЦА ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Се чека одлуката на мандатарот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По се изгледа дека ДУИ веќе ја има донесено одлуката за владеачка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, пренесува албански „Топ Ченел“, но за оваа информација сеуште нема официјална потврда од партијата. Сепак, од тиранскиот медиум додаваат дека се очекува во секој момент ДУИ да излезат со соопштение

gruevski_ahmeti_vlada

Според неофицијалните информации на Инфомакс.мк, претседателството на ДУИ веќе ја прифатило одлуката за владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а предмалку претседателот Али Ахмети имал обраќање до претседатеството на партијата пред кое ја образложувал одлуката.

Тој исто така апелирал до секретарите и претседателите на општинските ограноци на партијата, да не дозволат членството да потпадне под влијание на лица и пропаганда, да не излегуваат на протести и да не бидат искористувани од оние кои сакаат да предизвикаат нова криза

Информацијата дека веќе е донесена одлука за владина коалиција ја пренесе и Албански „Топ Ченел“, од каде што информираат дека во секој момент се очекува од ДУИ да излезат со официјално соопштение.

top_channel

Сепак, како што дознаваме од партиски извори во ВМРО-ДПМНЕ, одлуката на ДУИ сеуште не значи и конечна потврда за формирање на Владина коалиција имајќи во предвид дека партиските тела на победничката партија како и манадатарот Никола Груевски би требало прво да ја разгледаат, а потоа и да одлучат дали ќе ја прифатат или не понудата од ДУИ.

 

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This