Малевски заговapa ykинување на опозицијата: Теоретски, декpeтот на Бајден може да ни ја испpaзни политичка сцена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во „Извршната наредба за блокада на имот и спречување влез во САД за одредени лица кои придонесуват кон дестабилизација на состојбата на Западниот Балкан“, донесена од американскиот претседател Џо Бајден, меѓудругото, беа потенцирани и два клучни договори за земјава – Охридскиот и Преспанскиот.

За оние кои ќе директно или индиректно ќе ги поткопуваат тие договори, САД ќе одговорат со санкции. За оваа одлука, за причините поради кои е донесена, и за овдешниот однос кон двата договора, разговаравме со Денко Малески, прв министер за надворешни работи во независна Македонија, пренесува Дојче Веле.

-Знам, беа тоа непопуларни решенија спротивни на волјата на мнозинството Македонци донесени под надворешен притисок. Но тие решенија ја спасија земјата. Без нив земјата беспомошно се лизгаше кон катастрофа. За жал, тоа не може лесно да му се докаже на обичниот гласач кој само знае за она што се случило. Денес, нападот врз Преспа доаѓа од сите страни: од опозицијата, од МАНУ, од универзитетите, од обичниот човек, од дежурни ТВ говорници… Денес, на ваквиот развој на настаните Америка одговара со закана. Теоретски гледано, декретот на Бајден би можел да ја испразни македонската политичка сцена, па дури и да ја лиши земјата од најголемата опозициска партија. Имено, индивидуи и организации кои работат против овие два договори можат да бидат санкционирани со забрана за влез во САД и со замрзнување на нивниот имот таму. Такви поединци, разбирливо, не можат да ја водат државата. ‘Ова е притисок врз Македонија’, велат нашите националисти. ‘Ние само ја изразуваме волјата на мнозинството Македонци’. Точно. Но, притисок е второто име на меѓународната политика, како и улогата на моќта во неа: да натераш некого да стори нешто што не би го сторил без принуда, вели Малевски за Дојче Веле.

Извор: Дојче Веле

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This