МАЛИОТ ПРИНЦ НА МЕТА НА ИСИС: Терористите од ИСИС на мета го ставија принцот Џорџ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спроед наодите на британските медиуми нова мета на терористите на ИСИС е четворогодишниот принц Џорџ. На апликацијата за размена на пораки „Телеграм“, џихадистите на ИСИС споделиле фотографија од членовите на кралското семејство кои стојат пред училиштето „Томас Батерси“ во јужен Лондон кое го посетува четворогодишниот принц Џорџ, со порака „Училиштето почнува порано“

Фотографијата е споделена на каналот за кодирани пораки со пораката „Дури ни кралското семејство нема да го оставиме на мир“.

Но тоа не било се.

Медиумите исто така известуваат дека текстуалната порака вклучива и стихови од песна кои во превод знача „Кога војната ќе дојде во мелодијата на куршумите, потомците на неверниците ќе ја добијат одмаздата“.

„Таа закана кон принцот Џорџ е сериозна“, рекол за „Дејли Стар“ Бери Спилман, експерт за сајбер-безбедност, кој прв ги откри тие пораки. „Разузнавачите сугерираат дка тие пораки би требало сериозно да се сфатат“.

По веста за дешифрираната порака, портпаролот на лондонската полиција изјавил дека властите се „свесни за онлајн екстремистичката содржина“, но ништо не кажал во врска со безбедносните мерки и аранжмани околу кралското дете.

За жал, тоа не е прв пат кралското семејство да добива сериозни закани.

Во септември ИСИС во пропагандно видео го повика принцот Хари: „Дојди и бори се, ако си доволно маж, да те испратиме и тебе и твоите Апачи во пеколот“.

Кралицата Елизабета Втора исто така беше мета на терористите во 2015. година, во очи на прославата на 70.годишнината од Втората светска војна.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This