Малиот херој Марко со голема порака: Нема откажување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Марко Пејчиновски не успеа да ја преплива посакуваната делница од 64 километри низ Охридското езеро, но 13-годишното момче останува херој на охриѓани и на целокупната македонска јавност. Хуманата цел за која реши да ја плива долгата делница Марко ја оствари, а денеска се појави на охридското пристаниште за дружење на лицата со ретки болести.

Малиот Марко не крие дека е разочаран што беше принуден по речиси шест часа во вода се прекине, но и порача дека наскоро повторно ќе се обиде да го оствари големиот подвиг.

-Не ми е сеедно, но се чувствувам убаво, нема откажување. Следната година здравје. Благодарност до сите што ме поддржуваат, преубаво беше кога ги читав сите коментари, тоа ми даваше уште поголема мотивација за да издржам. Но, големата болка си го направи своето. Имаше големи бранови и силна струја што беше најтешкиот дел. Околу еден час речиси пливав во место, изјави Марко од центарот на Охрид.

фото: ohridnews.com

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This