April 19, 2024, 10:19 am

МИСТЕРИОЗНО ИСЧЕЗНА ТВИТОТ НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ: Малограѓански финти на Твитер ботовите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога некој се чувствува мизерно, не бира начини тоа и да го сокрие. Таков е и случајот со медиумските пропагатори на опозицијата, но и на Твитер ботовите чија единствено животно достигнување е тоа што, одвреме навреме, одредени амбасадори ги честат по едно кафе

timemk-30gwm3oetow6wb9tbbv1fk

Крајно безобразното манипулирање со вистината од страна на опозициските медиуми не е ништо ново. Она што е ново, е начинот и методите преку кои истите секојдневно го пробиваат дното.

Откако не успеаа да изградат доволно рејтинг и веродостојност кај читателите, барем што се однесува до интернет просторот, решија податоците за сопствената непопуларност да ги прикриваатна тој начин што нема да ги сертифицираат своите финансирани од Сорос/УСАИД т.н.портали.

Но и тоа не беше доволно.

Дното денес го проби пребарувачот и агрегат на вести Тајм.мк, од каде решија да интервенираат во затскривање на популарноста на твитовите испратени од официјаниот Твитер профил на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

gruevski_tvit

Твитот кој цели три часа беше најпопуларен на мрежата, испратен од профилот на Груевски мистериозно исчезна откако „надлежните“ увиделе дека не поминува ефтината, провинцијална пропаганда. Фингирањето и вештачкото кревање на популарноста на опозициско/соросоидните гласила не е нешто непознато. Досега, во стотици случаи истиот агрегатор на вести, се има послужено со ваквите „финти“. Вадејќи се на тезата дека се работи за „објективен“ агрегатор, кој за разлика од времето кога ги пропагираше сите медиуми со цел да собере читаност, премина во основен пропагандистички мегафон на соросовите медиуми.

gruevki_tvit

Секако, откако беа отстранети твитовите на Груевски, прв беше твитот на Холандскиот амбасадор, кој се радувал на некоја иницијатива за возење на велосипед низ Скопје. Бидејќи нели, возење велосипед е иновација која според Белгиецот Ван Хауте, е новина во „заостанатиот менталитет на Македонците“.

Безобразно.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This