МАЛОЛЕТНИК ПPOБОДЕЛ ДВЕ ЛИЦА СО HOЖ ВО ТЕПАЧКА ВО ШКОЛСКИ ДВОР: Кpвав исход на тепачка во Тетово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две лица се здобиле со yбoдни рани што им ги нанел 17-годишен малолетник од тетовското село Вешала по тепачката што вчера се случила во двор од основно училиште во Тетово, информираат од СВР Тетово.

Според полициските податоци, тепачката била пријавена вчера околу 16 часот и 40 минути, а според пријавеното во неа учествувале 17-годишник и К.К. (18), двајцата од тетовското село Вешала од една и В.М. (20), И.М. (24) од Тетово, како и А.И.(19) од тетовското село Сараќино од другата страна.

Малолетникот со ocтар предмет на В.М. и И.М. им нанел yбодни рани и побегнал. Двајцата повредени биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана лекарска помош. Пријавениот 17-годишник бил пронајден, му бил одземен нож и бил лишен од слобода, а К.К. сам се пријавил во Полициската станица-Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, најавија од СВР Тетово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This