МАЛЧЕВСКИ: Поради лошите резултати на анкетите СДСМ не прифати предвремени избори, а Заев не се кандидираше за претседател на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот и политички аналитичар, Самоил Малчевски анализира дека власта има тенденција на пад кај своите гласови. Во своето гостување во Само Вистина на Канал 5 телевизија, Малчевски посочи дека власта бележи пад во својата поддршка, а тоа го покажуваат и анкетите кои ги спровеле, па токму поради оваа причина СДСМ не прифати предвремени парламентарни избори. Имено тој додава дека тоа е и причина зошто Зоран Заев не се кандидирал за претседател, бидејќи имал сериозен сомнеж дека тој може да победи на претседателските избори.

-Очигледно е дека има нешто што ни јас ни Сафет не го знаеме, а тоа се внатрепартиските анкети и заради тоа СДСМ избега од парламентарни избори иако најавуваа дека ќе ги победат. Заради тоа Заев избега од претседателски избори, да биде претседателски кандидат, а најавуаше дека ќе ги победи. Зошто ако не сакаше да се кандидира, се ставаше на интерните партиски анкети како претседателски кандидат. Запознаен сум со дел од нив. Колку пати Заев викаше не, па го правеше спротивното, вели Малчевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This