„МАЛ ШЕНГЕН“ Е ПЛАН НА СОРОС И НА ДИП СТЕЈТ: Приштинска „Газета“ открива како Сорос и Нуланд го создале овој проект

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Приштинска „Газета експрес“ имала увид во докумет кој покажуѕва дека зад идејата на Иницијативата позната како „Балкански мини-шенген“, идеја што Србија, С Македонија и Албанија се обидуваат да ја спроведат стои Фондацијата за отворено општество на милијардерот Џорџ Сорос. Идејата била „лансирана“ преку писмо, од Викторија Нуланд, поранешен висок функционер на американскиот Стејт департмент и од Александар Сорос, син на славниот милијардер, го натераа овој проект, пренесува expres.

„Газета експрес“ наводно поседува документ во кој се вели дека иницијативата промовирана од албанскиот премиер Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на С Македонија, Зоран Заев не е спонзорирана од САД или ЕУ, туку е иницирана од милијардерот.

САД наводно, ја поддржуваат оваа идеја само во принцип, но како што изјавиле американските власти, само доколку иницијативата е инклузивна. Во документот на косовското Министерство за надворешни работи, до кој дојде „Газета експрес“, се наведува дека „иницијативата е покрената од Викторија Нуланд (поранешен висок функционер на американскиот Стејт департмент) која моментно е ангажирана во приватниот сектор и беше спонзорирана од Фондацијата за отворено општество, имено од Александар Сорос “.

Понатаму, во документот се потенцира дека интензивните подготовки за имплементација на овој проект започнале во септември 2019 година и ги истакнуваат состаноците на Нуланд и Сорос во Тирана, Белград и Скопје.

Документот, исто така, укажува на политичките закани со кои може да се соочи Косово ако проектот целосно се спроведе.

Во документот наводно се наведува дека „Мини-шенген“ ѝ дава можност на Србија да се докаже како конструктивен фактор во регионот без да исполни никаква обврска кон Косово. Понатаму, се препорачува Косово да се спротивстави на оваа иницијатива преку зголемување на соработката со Албанија и Црна Гора.

Ако Косово не реагира навремено, постои реална опасност заемното признавање, како краен производ на договорот Косово-Србија, да се замени со еднаква застапеност во слични платформи. Ова ќе ѝ овозможи на Србија да напредува во својата европска агенда без да го признае Косово, се наведува во документот.
Исто така косовското Министерство за надворешни работи предупредува дека „мини-шенген“ ќе му наштети на косовската економија, пишува, меѓу другото, „Газета Експрес“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This