„Мама Меркел за некого маќea“: Била спpeмна во целост да ги прифати бугарските барања, блокиpaл Рот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел го прифатила предлогот бугарските барања да бидат дел од преговарачката рамка за Македонија, но на тоа се спротивставил државниот министер за Европа Михаел Рот, открива европратеникот од Бугарија Андреј Ковачев, во интервју за агенцијата Фокус.

– Се разбира, токму тоа е решението, но за жал тогаш Михаел Рот не се согласи. Не беше пречка Германија, туку одреден нејзин човек, од нејзиното Претседателство. Не сакам да влегувам во повеќе детали, но, тоа е решението, патоказ со јасни гаранции, што ќе биде во преговарачката рамка – вели Ковачев.

Ова е одговорот на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на прашањето дали е можно да се побара некоја комбинација Македонија да добие зелено светло за почеток на европските преговори и во Патната карта да има рокови за решавање на прашањето со Бугарија, во интервјуто за агенцијата Фокус, а што го пренесува бугарски Факти.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This