МАНАСКОВ ЗА ПРОМАШЕНИОТ ПЕНАЛ: Шансата била пропуштена уште претходно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракометната репрезентација на Македонија имаше победа в рака против Чешка, но ја прокоцка. Иако ракометарите водеа со шест гола во еден интервал од натпреварот, на крајот загубија со 24-25.

Манасков имаше шанса да донесе реми од пенал, но сепак, не успеа да погоди откако Мрква го фати неговиот пенал на самиот крај од мечот.

-Самите сме си виновни. Имавме се, и го прокоцкавме. Игравме добро, имавме убаво водство, навивачи на наша страна, и потоа не знам што се случи. Одеднаш застанавме. Навистина не знам која е причината, вели Манасков.

За седмерецот кој го промаши на крајот, Манасков вели:

-Мислам дека претходно ја пропуштивме нашата шанса.

Поради неуспехот, Македонија ги загуби шансите за полуфинале и единствено може да се надева на меч за петтото место.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This