МАНДАТАРОТ СО ПОДДРШКА ОД КОАЛИЦИЈАТА: Коалицијата „За подобра Македонија“ со поддршка за Груевски и барање за претпазливост!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска одржува средба со лидерите на политичките партии од Коалицијата „За подобра Македонија“. Фокусот на средбата е на резулатите од предвремените парламентарни избори, а во пресрет на започнувањето на преговорите за формирање нова влада.
gruevski-kolicioni-partneri1-640x395

-Главна тема е анализата на изборните резултати. Сите претставници ги предочија свопите видувања околу ангажманите, околу резулататите и околу сето она што се случи во Макеоднија на денот на изборите. Беа различни согледувања потенцирани од страна на претставниците на политичките партии и беа давани различни идеи како од тука натаму треба Коалицијата да постапува, при што беше несомнено потврден целокупниот легитимитет и целокупната поддршка која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сега и како мандатар за состав на нова влада, ја има од целокупната Коалиција „За подобра Македонија“, изјави Илија Димовски, член на Извршниот комитет на партијата и пратеник.

gruevski-kolicioni-partneri-640x353

Во однос на најавеното отпочнување преговори за формирање влада со ДУИ, Димовски рече дека насоките за преговори се составен дел од Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

– Доколку ме прашувате во врска со позициите на ДУИ, би сакал да кажам дека ние ги соопштивме нашите ставови преку интервјуто на претседателот Никола Груевски. На денешната средба видливо беше негодувањето, посебно од страна на претставниците на политичките партии кои ги претставуваат помалите етнички заедници, рече Димовски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This