МАНДАТОТ И ВИСИ НА КОНЕЦ: Колинда ја гyби поддршката кај мнозинството граѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ја губи довербата кај мнозинството граѓани во земјата, според резултатите од последната анкета на агенцијата за истражување на јавното мислење IPSOS.

Според податоците од истражувањето што ги објави Nova TV, претседателката не ја поддржуваат 52% од испитаниците, додека 42% би ја поддржале. Шест проценти од испитаните граѓани не сакале да се изјаснат по ова прашање.

Во овој миг, Грабар-Китаровиќ може да смета само на мнозинска поддршка од гласачите симпатизери на ХДЗ, односно на точно 81% од нив.

Ова е најлошиот рејтинг на Колинда од октомври, 2017 година, пишува Index.hr и потсетува дека нејзиниот претходник Иво Јосиповиќ во истиот период од неговиот мандат во 2014 година имал поголема поддршка од граѓаните.

КОга би имало избори денеска, Колинда Грабар-Китаровиќ би добила поддршка од 32,8% од гласачите, што е пад на рејтингот во споредба со пред еден месец.

IPSOS го спроведе истражувањето од 1 до 20 јули на репрезентативен примерок од 976 полнолетни граѓани на Хрватска по принцип на лично анкетирање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This