April 25, 2024, 10:09 pm

МАНОЈЛОВСКИ: Пола раководството на СДСМ е инфициpaнo со кoрoнaвиpyc, а Заев зборува за избори и тера кампања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани, додека во земјите од регионот се говори за опоравување од корона кризата, или за економија, отворање на границите, на Македонија и се случува катастрофа.

Со бројките на новозаболени Македонија оди кон нов пик за кој се говореше дека ќе се случува есенва.
Несомнено големиот број на новоинфицирани со корона вирус и бројката на починати се последица на несоодветното постапување на надлежните и власта.
Владеачката СДСМ во оваа ситуација треба малку и да се рафинира. Партијата станува носител на корона вирусот во државата.

Пола раководството на владеачката СДСМ е инфицирано со корона вирус, а партискиот лидер Заев зборува за избори и тера кампања.

Во целата оваа катастрофална ситуација, ситуација на втор пик во Македонија, Заев објавува фотографии од кампањата на неговите луѓе, објавува фотографии од Лукаревска, Зекири, Манчевски и слично.
Со идејата на Заев да се оди на избори само дополнително ќе се загрози здравјето на граѓаните.
Организирањето на избори во ваква ситуација со толку многу заболени со корона вирус претставува масовно самоубиство.

Заев и власта предводена од СДСМ мора да разберат дека политиката треба да е на страна, и дека треба да се погрижат за здравјето на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ останува на своето – здравјето на граѓаните е врвен приоритет. Политиката да ја ставиме на страна. Воедно да им порачам на сите македонски граѓани бидејќи државата не се справи соодветно со пандемијава, чувајте си го вашето здравје, одржувајте соодветна дистанца, носете заштитни маски и ракавици, секаде каде што е препорачано, редовно мијте ги и дезинфицирајте ги вашите раце, одржувајте лична хигиена бидејќи корона вирусот не прпеознава нација, партија и етничка припадност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This