МАНУ КАКО МАРИОНЕТИ НА СТРАНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ: Божидар Димитров објаснува дека МАНУ е под контрола на Заев и дека е нормално што нема реакција од таму!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Божидар Димитров во интервју за бугарската телевизија БТВ, во емисијата „Оваа утро“ јасно кажа дека со исполнувањето на договорот кој Зоран Заев го договараше во Софија со Борисов, а ќе го потпише на 2 август во Скопје, ќе значи промена во македонските учебници по историја, велејќи и дека МАНУ не смее да се изјасни против промените во учебниците по историја кои ќе следуваат како обврска од договорот бидејќи Заев ќе ги избрка од работа.

 

Според Димитров, членовите на МАНУ работат се за пари, тие според него работат по принципот „дај пари, ќе се пишам Бугарин“.

– Две точки се многу важни според мене, јас ги кажав веќе и тоа предизвика голема врева, имаа посебна прес-конференција против мене, ме нападна најголемата партија, ВМРО-ДПМНЕ и сега ќе одат во затвор, кој и да го нападне Божидар Димитров ќе оди во затвор, иронично вели Димитров.

Запрашан по кои закони- по македонските или по бугарските?

Димитров вели: „По македонските таму имаат создадено Специјално јавно обвинителство.“

Останува нејасно дали ова беше кажано во иронија или можеби е горка вистина, ако го знаеме фактот дека СЈО до сега сите обвиненија кои ги поднесе се политички нарачки против врвот на ВМРО-ДПМНЕ, со цел кршење на партијата која во изминатиов период беше на браникот на државата.

Запрашан што со потпишувањето на договорот со Бугарија, Димитров рече:

-Прво, запираат кражбите на бугарската историја и се откажуваат од досега украдената и второ, исправете ги учебниците по историја без тие кражби, ако тоа го направат, македонските деца каква историја ќе учат? Целата историја им е составена од кражби. Еве вакви како што сега ги покажуваш.

Запрашан дали тоа ќе се случи по потпишување на тој договор, Димитров вели: – Ние ако го потпишеме и потоа тие ако го исполнат, тоа ќе се случи.

Водителот го запраша Димитров: Тоа сметате ли дека воопшто е возможно? Да се променат учебниците. Двата услови кои се.

Димитров рече: – Можам да кажам дека немаат доволно кадри. Ќе ти кажам еден убав симптом, минатите денови бев вклучен во една македонска телевизија да кажам пет – шест збора ново, при едно јавно предавање и разговорот пред јас да се вклучам, разбрав дека МАНУ се откажала да се изјасни против потпишувањето на тие точки од договорот.

„Тоа се луѓе кои сакаат да живеат и да примаат плати. Знаат дека Зоран Заев ќе ги избрка од работа сите, ако тргнат против него. Затоа велат да. Тоа се луѓе- ќе ми дадеш пари ќе се пишам Бугарин, тоа е многу старо“, заклучува  Димитров.

 

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This