April 25, 2024, 10:35 am

ПРИЈАВЕТЕ СЕ: МАНУ објави оглас за секретар, платата е 44.702 денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската академија на науките и уметностите објави оглас за вработување на секретар на Секретаријатот на МАНУ. Нето платата е 44.702 денари.

Кандидатите треба да имаат завршено високо образование, ниво на квалификации VI А, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен или магистратура ниво на квалификации VII, 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/2 степен, најмалку 5 години работно искуство од областа, покажани организаторски способности и активно владеење на еден светски јазик.

Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа од 7 до 15 часот.

Покрај горенаведените посебни услови, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување: да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетен, да има општа здравствена способност и да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност. Огласот е активен до 22 февруари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This