МАНЧЕВСКИ ВО АЛБАНИЈА: Откако ја уназадија Македонија и ја ставија зад Албанија и Косово, сега бараат помош од албанските институции!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот на информатичко општество и администрација на Република Македонија, Дамјан Манчевски, ја посети Албанија, каде што се сретна со претставници на Министертсвото за Внатрешни работи, пренесува Анадолу (АА).

Заменик министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Стефан Чипа, денес го прими на посета министерот Манчевски, каде што во фокусот беше ставена соработката меѓу двете институции.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Министерот Манчевски изрази голем интерес во однос на дигитализацијата на податоците на државјаните, бидејќи Албанија е во понапредна фаза од Македонија. Заради ова тој побара соработка и искуството на албанските институции. Тој го информираше заменик министерот Чипа декаа процесот за дигитализација на Националниот Регистар на државјаните во Макеонија, кој е финансиран од ЕУ, е во фаза на тендерска постапка и се очекува да биде завршен во јуни 2019 година – се вели во официјалното соопштение на Министерството за внатрешни работи на Албанија.

 

[/kopa_block_quote]

Во известувањето се потенцира дека заменик министерот Чипа изјавил дека Националниот регистар на матичната служба и развојот на Националниот Регистар на адреси, се приспособува на новата административна реформа и поделба, која беше донесена во 2014 година.

За време на средбата, генералниот директор на матичната служба во Албанија, Бледар Дорацај, изјавил дека ќе продолжи со работа за регистрација на адресите на албанските државјани кои што што живеат надвор од териоториите на Република Албанија, преку интернет портали и преку амбасади.

Во изминатите години, се до крајот на 2016 година, Македонија беше многу чекори понапред во реформите, но и во растот на економијата и извозот во споредба со Албанија. По доаѓањето на СДС, Македонија е уназадена до ниво министри од Македонија да бараат помош од Албанија за спроведување на реформите.

Минатата година, голем број на експерти и светски медиуми пишуваа дека Албанија и Косово треба да учат од Македонија, која има поголем извоз од двете земји комбинирано.

 

 

.

 

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This