Манчевски и Муцунски во Студио 1 прогласија победа на политиките на своите партии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коректен изборен ден со многу мали недоследности – вака Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ го оцени денешното гласање и за тоа ги поздрави пријателите од меѓународната заедница кои подолго време помагаат да се создадат услови за фер и демократски избори кои ќе значат полесен почеток на преговорите за членство во ЕУ, пренесува 1ТВ.

-На денешниов ден се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ имаше резултати кои беа многу подобри од очекуваното според анкетите. Не зборуваме за еуфорија, туку за нова реалност, каде што власта, 31 политичка партија која ги вклучува СДСМ, ДУИ и други, се спротивставија со ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме многу близок резултат и сме оптимисти дека на крајот на денов ќе бидеме победници, но е прерано тоа да го потврдиме. Овие избори беа јасен сигнал од Владата дека нема поддршка за нејзините политики, посебно за голем број прашања кои се од најголемо значење за граѓаните – економијата, образованието, социјалните прашања и здравството, а од друга страна сметам дека се препозна нов прогресивен лик на ВМРО-ДПМНЕ. По година и пол новото раководство што наследи политичка партија во доста тешка состојба, денес веќе зборувате за еуфорија и враќање на власт, но дали ќе се врати на власт на следните парламентарни избори ќе решат граѓаните, вели Муцунски.

Дамјан Манчевски од СДСМ вели дека треба да се води сметка дека во трката има уште еден кандидат чиишто поддржувачи во ниеден дел не се согласуваат со политиките што ги заговара ВМРО-ДПМНЕ.

-Мнозинството граѓани во државата сѐ уште даваат поддршка на нешто што не го нуди ВМРО-ДПМНЕ. Се согласувам со г. Муцунски дека како држава го положивме тестот на демократијата во организација на фер и демократски избори. Но тоа што ни недостасуваше во минатото, покрај поддршката од пријателите од меѓународната заедница беше политичката волја кај власта за организација на фер и демократски избори. Сега работите се сменети, медиумската состојба и демократијата се поправаат, ова е екстремно важно, испит што треба да го положиме за почеток на преговорите со ЕУ. На овие избори граѓаните им дадоа поддршка на политичките структури кои водат кон ЕУ и НАТО, наспроти, сѐ уште немаме слушнато кој е алтернативниот план со кој ВМРО-ДПМНЕ или Гордана Силјановска Давкова планира да го продолжи евроинтеграцискиот процес, вели Манчевски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This