МАНЧЕВСКИ НАЈАВИ: Денеска првите откази на роднините на функционери од власта вработени во државните фирми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски најави дека во текот на денот ќе се случат првите откази на роднините на функционери од власта што периодов добија вработување во државните фирми.
Вчера, премиерот Зоран Заев рече дека ќе остави самите тие да соопштат дека се откажуваат од државната работа, бидејќи станува збор за личен чин.

Тој посочи дека сите граѓани се еднакви пред законот и пред институциите, но додаде дека пример треба да биде етичкото однесување на функционерите.

Тоа е лош пример, иако се работи за мала бројка. Токму функционерите треба да бидат добар пример како да се однесуваат граѓаните. Ако ние им наложиме нешто, ќе потврдиме дека е тоа надвор од закон, етика или слично. Се работи за личен чин кој очекувам тие да го направат. Правиме детална анализа. Се работи за личен однос и лична одговорност на одредени поединци. Начинот на конкурирањето, дали е фер, транспарентна и правична постапката во делот на вработувањето, е дел од анализата што ја очекувам неделава. Кога ќе ја добијам веднаш јавно ќе ги соопштам сите информации – изјави Заев, па додаде:

Сакам да им укажам на сите граѓани, како и на членовите на семејствата на функционерите дека сите сме пример во државата. Ако сакаме да го потврдиме тоа што го зборуваме, дека подобро платени места, подобра можност за напредување во кариерата и поголеми плати има во приватниот сектор, тоа мора да го покажеме како пример. Имаме одлични дефицитарни профили кои можат да бидат и побогати и понапредни ако изберат да одат во приватните институции. Постојат алтернативи за еден геодет, архитект, информатичар, економист, правник или кој било млад човек, можностите се огромни. Државата е тука да ги помогне сите млади луѓе и сите граѓани – потенцира Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This