МАНЧЕВСКИ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ИДЕЈАТА: Административците ќе се префрлаат во приватниот сектор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mинистерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во интервју за „360 Степени“ ја коментираше бурата реакции по неговата изјава дека вишокот кадри од јавниот сектор ќе му бидат понудени на приватниот.

– Јас реакциите ги разбирам, но не гледам ниеден предлог, и тоа е она што мислам дека ни фали во целата оваа децениска дебата во однос на тоа што ќе правиме со прашањето на продуктивноста на јавниот сектор. Сосема е во ред да се критикува одреден предлог, но за жал, досега немам слушнато ниту еден алтернативен предлог, и тоа е она што можеби ни фали. Никој не вели дека има гаранција дека овој концепт ќе успее. Може да успее ако сите сме подготвени да се обидеме нешто да направиме. Со еден механизам, со еден чекор, преку ноќ работите апсолутно нема да се решат. Не постои магично решение, волшебно стапче. Ама не ја разбирам и затвореноста за нови решенија. Не разбирам да не се обидеме. Особено од аспект на работодавачите, тие нема што да изгубат од ова, може само да видат дали нешто може да добијат. Не можат да загубат нешто, ниту треба да се чувствуваат загрозени – вели Манчевски.
Министерот даде објаснување и на едниот од предлозите според кој на приватниот сектор ќе му бидат понудени кадри кои ќе се испостави дека се вишок во јавниот сектор.

Како што кажа, вработените ќе добиваат поголема плата во приватниот сектор, а работодавачите ќе добијат ослободување од плаќање на придонеси.

– Работодавачите ќе добијат субвенции за вредноста на здравственото и пензиското осигурување, односно за придонесите. Што ќе значи тоа за работодавачот? Да земеме еден пример. Да речеме дека се работи за вработен во јавниот сектор со средно образование којшто прима, да речеме, 16 илјади денари плата. За 16 илјади денари плата, понудата би била, да се префрли во приватен сектор за 6 илјади денари повисока плата, значи ќе зема 22 илјади денари плата, а 11 илјади ќе ги покрива државата. Ама нема да плаќа државата, како што плаќала сега, 24 илјади денари бруто, колку што ја чини државата овој вработен, а кај приватниот сектор ќе биде бенефитот дека за вкупно 22 илјади денари ќе добијат вработен којшто доаѓа со некакво работно искуство. Не можеме да ги генерализираме сите луѓе во јавниот сектор, дека сите не чинат, и така натака. Се работи за луѓе коишто голем дел од работите ги завршуваат – објаснува Манчевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This