МАНЧЕВСКИ СО АПЕЛ: Роднините на сегашните и поранешни функционери да се повлечат од работните места!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, денеска ги повика роднините на функционери и од власта и од опозицијата веднаш да се повлечат од своите работни места во јавната администрација.

Нивните вработувања, рече тој, ќе бидат доставени на анализа во Антикорупциска комисија.

Ургентно е веднаш да се повлечат и тие од власт и од опозицијата. Ги повикуваме сите и до власта и од опозицијата да се повлечат, сите податоци и за едните и за другите ќе ги доставиме до Антикорупциска комисија – рече Манчевски додавајќи дека не знае колкумина се веќе вработени, а кои се блиски до функционерите од власта.

Манчевски рече дека во иднина ќе има измени во начинот на вработувања, додавајќи дека проблемот е во раководната служба.

„Ако раководителот не се согласи на нешто, нема да се случи и нема да се врши притисок, така да почнуваме од врвот “,  рече министерот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This