МАН СО ОСУДА ЗА ПОСТАПКИТЕ НА КИРОВСКИ И ТЕЛЕВИЗИЈА ТЕЛМА: Телма воведува цензура и на социјални мрежи и врши мобинг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската асоцијација на новинари (МАН) излезе со соопштение и став во однос на скандалозните инструкции од страна на уредникот на телевизија Телма, Атанас Кировски кон вработените во телевизиската куќа.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро го осудува известувањето на одговорниот уредник на Телма телевизија Атанас Кировски до вработените и неговите забрани за нивни личен, индивидуален начин на изразување на социјалните мрежи и за да не се повтори во другите медиуми потсетуваме:

1. Решението за сите овие наведени работи е прифаќање на предлозите на МАН за измените во Законот за аудиовизуелни и медиуми услуги и Законот за медиуми кои се доставени до сите институции и здруженија.

2. МАН го потсетува Атанас Кировски кој заедно со ЗНМ беа главни противници за регулација на интернет просторот во РМ (портали и социјални мрежи) уште во 2013 година кога тоа беше официјален предлог на МАН. И ниеднаш не се заложи за укинување или регулација на подземјето кое се преставува како новинарска фела и сеуште езгистира и го нарушува медиумскиот пазар.

3. Вакво известување е спротивно со Законот за медиуми (член 8 став од 1 до 4 во кој се регулираат обврските на одговорниот уредник), како и член 11 став 1 од истиот закон од причини што тој член ја регулира работата на новинарот во медиумот во кој е вработен, но не и на социјалните мрежи (кои не се законски регулирани во Република Македонија). Истовремено, преставува мобинг според член 5, став 1 од законот за спречување на мобинг.

4. Профилите на социјалните мрежи се лични профили на вработените, нивен личен медиум, а не сопственост на Телма или било кое друго правно лице или невладина организација. Веруваме дека до тука сите запознаени со правилата на социјалните мрежи и законите во РМ. Оттука, секој има право да објавува, доколку не се коси со законите и Уставот, односно не е ширење на говор на омраза, национална и верска нетрпеливост, лажни вести, навреда и клевета, лажни обвинувања за криминал од секаков вид. Доколку се објавуваат линкови и информации поврзани со медиумот во кој работат или друг медиум, важно е да се почитуваат правилата на саморегулација. Се останато треба да се регулира со писмен договор на двете страни.

5. Го потсетуваме одговорниот уредник на Телма Атанас Кировски дека токму тој е активен корисник на социјалните мрежи, па оттука, позитивен пример би дал доколку самиот тој прв започне да ги користи согласно неговите законски права и обврски, а не за политички проценки, кои се покажаа како целосна утка.

6. Правниот тим на МАН со внимание ја следи состојбата во македонските медиуми редовно ги известува меѓународните преставници во Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This