МАН СО PEAKЦИЈА: Советникот на премиерот Заев – по стапките на шeфoт врши yвид во oбвинитeлcтвoтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извршниот и надзорниот одбор на Македонската асоцијација на новинари (МАН) заседаваа по обидот на власта лагите кои ги шири да ги префрли на грбот на медиумите, и го однесе следниот став:
– На ТВ дебата со селективно повикување на гости само од провладините новинарски асоцијации, ТВ21 се обиде да направи дебата за појава и спречувањето на лажни вести. И на оваа дебата, како најголем извор на лажни вести беше лоцирана Владата и провладините медиуми.


Советникот на премиерот Зоран Заев, Марјан Забрчанец, отиде чекор понатаму кога го бранеше јавното обвинителство кое најави кривична постапка против уредникот на Инфомакс Александар Митовски и врши распит на неколку новинари барајќи да ги откријат изворите.

Забрчанец без заддршка изјави цитираме: “Знам дека ништо непримерно не е направено за тие случаеви, повикани се на информативен разговор од јавното обвинителство во нормална демократска процедура”.

МАН остро ја осудува оваа изјава на Забрчанец, бидејќи повикување на информативен разговор за да се откријат изворите на информации е директна закана за слободата на изразување и слободата на медиумите.

Се поставува прашање од каде советник на премиер знае што прави јавен обвинител при распит за обвинителски предмети?!

Второ, со оваа изјава, како и премиерот Зоран Заев неколку пати претходно, сега и неговиот советник Забрчанец потврди дека постои директна соработка и спрега меѓу извршната власт и обвинителството, овој пат на штета на новинарите и медиумите кои не се под контрола на СДСМ и владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This