МАПА: ВО СКОПЈЕ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУСОТ 143 ЛИЦА, НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ СЕ ОД КАРПОШ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Досега во земјава се регистрирани 241 случај на заразени лица со коронавирус. Четири лица се починати, а тројца се излечени. Од Влада пораачаа дека државните карантини се безбедни и строго контролирани. Владини претставници извршија увид на работите за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје- 143, Дебар – 45 од кои двајца починати, Куманово – 20 од кои еден починат, Штип – 8, Прилеп – 8,Тетово- 4, Охрид- 3, Велес – 3, Струга – 3 од кои еден починат, Кавадарци – 2, Гостивар – 1 и Битола – 1.

Според најновата дневна мапа на на Институтот за јавно здравје во Карпош , Чаир и Центар има по еден позитивен пациент, три нови лица се од Кисела Вода и двајца од Гази Баба.

Во моментов според мапата во Карпош сега има 29 пациенти, 23 од Кисела Вода, 22 од Гази Баба, 21 оц Центар, 11 од Ѓорче Петров, 8 од Аеродром, 7 од Сопиште, 4 од Бутел, 4 од Чаир, едно лице од Илинден и еден странец. Има и 11 лица кои се од друг град но живеат во Скопје.

Вчера почина една пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This