МАРВЕЛ НАЈАВИ НОВИ 10 ФИЛМОВИ: Филмското студио ќе продолжи со филмување на хероите од стриповите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На годинешната Конвенција на стрипови „Комик-Кон” во Сан Диего, американското филмско студио Марвел најави нови 10 филмови.

Едно од поголемите изненадувања е тоа дека оскаровецот Махершала Али ќе го глуми Блејд – ловецот на вампири, кого во претходните неколку филма го глумеше Весли Снајпс.

Глумицата Натали Портман го потврди своето учество во четвртиот филм за Тор, со поднаслов – „Љубов и молња”. Ќе ја повтори улогата на Џејн Фостер, но овојпат обдарена со моќите на насловниот лик.

Најавен е и филмот „Бесмртните” со Анџелина Џоли и Селма Хајек, како и првата филмувана приказна за  азиско-американскиот суперхерој Шанг-Чи, кој во Марвеловите стрипови првпат се појави пред речиси 50 години.

Натаму, Марвел конечно објави и детали за долгоочекуваната „Црна вдовица” – Скарлет Јохансон како Наташа Романо, филм којшто е веќе во фаза на снимање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This