Маричиќ: Колку што знам, и Кичеец и Јанева се зaтвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За случајот со Зоран Милески-Кичеец, прекинот на издржување на затворска казна е даден врз основа на медицинска документација од страна на Управата за извршување санкции, која е должна да се грижи и за здравјето и безбедноста на затворениците, рече министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за телевизија Сител.

Во случај кога има оправдана медицинска документација, Управата има право да даде отпуст. Во моментот кога се случува сообраќајката, што е еден трагичен настан, верувам дека никој не го посакува, веднаш Кичеец најпрво е лишен од слобода, од болница, каде што бил на лекување. Од таму е однесен во обвинителството во Гостивар, од таму е однесен на издржување мерка притвор во затворот во Шутка, а Апелацискиот суд во Гостивар му го укинува притворот и го праќа на издржување затворска казна во Струга. Затворот во Струга, по дисциплинска постапка, му го одзема третманот, кој го имал дотогаш во отворениот дел од затворот и тој веќе нема ниту едно од тие права и поволности кои ги уживал до инцидентот што се случи, до сообраќајката, изјави министерот.

За шпекулациите дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева не е на издржување на затворската казна, Маричиќ рече оти неговите информации говорат дека таа е во Идризово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This