Маричиќ: Пoпиcoт e cтaтиcтичкa oпepaциja cyштинcки пoтpeбнa зa дpжaвaтa, a нe пoлитичкo пpaшaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потребно e да се престане со политизација на пописот планиран за следната 2021 година, вели министерот за правда Бојан Маричиќ. Тој во гостување во емисијата 360 степени, на телевизија Алсат вели дека искуството од пропаднатиот попис е доволна поука дека на него треба да се гледа како на статистичка операција суштински потребна за државата, а не како на политичко прашање.

Според министерот, нема силни аргументи зошто повторно би се одложил пописот и додаде дека и покрај пандемијата државата докажала дека има капацитет да организира сложени операции со масовно учество на граѓаните.

Покажавме дека можеме да ги спроведеме парламентарните избори, Владата покажаа дека може да организира вакви масовни операции. Важно ќе биде попишувачите да бидат здрави, да бидат заштитени, а до тогаш ќе видиме до каде ќе биде и вакцината – изјави Маричиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This