Маријана и Владимир од Прилеп го развиорија македонското знаме на Аконкагва – џиновскиот планински врв во Аргентина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прилепчаните Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски од планинарскиот клуб “Мамути” направија уште еден подвиг за паметење. После искачувањето на Елбрус – највисокиот врв во Европа, како и на Монблан и редица други височини, тие го освоија и врвот Аконкагва – највисокиот врв во Аргентина и највисок врв надвор од Азија со висина од 6.962 метри надморска височина.

За Маркукуле.мк, Маријана раскажува за искуството и целата експедиција за искачување на џиновскиот врв во Јужна Америка.

“Идејата дојде кога се пријавивме за искачување на врвот Елбрус, кој е највисокиот во Европа. Тогаш се разговараше и за Аконкагва, а веднаш потоа желбата растеше и започнав да размислувам како да ја реализирам. Експедицијата за Аконкагва бара повеќе финансиски средства и секако поспецифична опрема. Сепак, по враќањето од Русија се решивме да побараме спонзори и да ја оствариме нашата идеја и замисла.

Многу малку недостасуваше да се откажеме, но за наша среќа, буквално преку ноќ се појавија неколку спонзори на кои сме бескрајно благодарни. Ќе ја искористам приликата да им се заблагодарам на прехрамбената индустрија “Витаминка”, на “Мермерен Комбинат АД Прилеп”, локалната самоуправа Прилеп, конфекција “Жалфија”, ресторанот “Кермес”, млекара “Мики”, текстилната индустрија “Тритекс”, парфемите “Еxtreme”, пекара “Алекс”, “Inacco”, “Комфи Ангел” и секако сите мои пријатели и блиски кои стојат зад мене и секогаш бескрајно ме поддржуваат”, вели Маријана Ѓорѓиевска за нашиот портал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This