МАРИЈА АНТОАНЕТА ОД СЕВЕРНА: Мила Царовска станала милионер за една година, не убедува дека 17.000 денари се доволни да се пpeживee

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Марија Антоанета е последната кралица на Франција пред големата револуција која засекогаш ја промени Француската република. Можеби најголема заслуга за француската револуција има токму кралицата, која од својата 14-та година кога станува жена на наследниот на францускиот трон започнува со кампања против социјалните трошења на империјата и финансиските реформи со кои би се овозможил подобар живот на плебсот.

Дефинитивно, најпознат цитат на Марија Антоанета е оној кога пред насобраната незадоволна толпа која протестирала барајќи повеќе пари затоа што немаат леб, кралицата зачудена како плебсот немаат доволно пари да си купат леб, ги испратила да си купат колачиња.

„Ако немате за леб, тогаш јадете колачиња“ – рекла Марија Антоанета и станала последната Француска кралица.

Така е и со министерката за труд и социјална политика која ја разгневи јавноста со својата последна изјава дека 17.000 денари се доволни за достоинствен живот на едно семејство. Според неа, статистичките податоци покажувале дека со 17.000 денари едно семејство може да живее сосема солидно.

Таа дополнително додаде дека тие 17.000 денари биле доволни само на семејство со две деца до 14 години за да го преживеат месецот.

Потоа имаше обиди Царовска да се оправда за ваквата изјава, но сето тоа е ехо кое не стигнува до ушите на оние кои живеат со 17.000 денари.

Она што ја прави уште послична со Марија Антоанета е фактот што за една година, Мила Царовска успеала да го зголеми својот имот за еден милион и четиристотини илјади евра (1.400.000), според анкетниот лист.

Мила Царовска во септември 2018 година ималa имот во вредност од само 212.990 евра, додека сега тој изнесува 1.591.597 евра.

И така, милионерот Царовска зборува за 17.000 денари со кои едно четиричлено семејство би требало да преживее. Притоа, тоа семејство – внимавајте – треба да ПРЕЖИВЕЕ. Значи, не да живее – ако под живот се подразбира можност за годишен одмор, шопинг на предмети кои не се есенцијални за живот, културна наобразба, дополнително образование, квалитетна храна.

Инаку, потрошувачката кошничка во Македонија во претходниот квартал изнесуваше околу 30.000 денари. А оваа сума на пари се ветуваше и пред изборите дека ќе биде новата просечна плата во земјава. Наместо тоа, сега граѓаните се убедувани дека 17.000 денари се доволни да се ПРЕЖИВЕЕ.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This