МАРИЈА ЗАХАРОВА БАРА ОДГОВОР ОД МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА: Владата на Р.Македонија да одговори дали обвинувањата на Шеќеринска за Русија се нејзини зборови!

Поврзано

- Advertisement -
 Обвинувањата на сметка на Москва за наводно мешање на Русија во внатрешните прашања на Македонија се инсконструирани и неосновани, изјави портпаролката на МНР на Русија  Марија Захарова , како реакција на интервјуто во „Блумберг“ со министерката за одбрана на Македонија Радмила Шеќеринска.
- Advertisement -

Како што изјави, таквата изјава е во потполност спротивна со ставот на официјално Скопје и настојувањата на новата македонска влада кога станува збор за развој на соработката и конструктивни односи со Русија и  зацврстување на билатералната соработка.

„Имајќи предвид дека предходна жртва на „Блумберг“ неодамна беше и српската премиерка  Ана Брнабиќ, ја повикуваме агенцијата да го објави целиот текст на интервјуто, како и аудио и видео снимката на разговорот со Шеќеринска“-изјави Захарова.

Според незините зборови, таквите обвинувања доаѓаат од русофобите кои во јавноста пласираат лажни и неосновани обвинувања.

„Во тие инсинуации ги увидуваме обидите на непријателите на Русија и Македонија дополнително да ги ископлицираат традиционалните пријателски односи помеѓу земјите и да го свртат вниманието на јавноста од реалните закани по однос на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, посебно во насоката земјата да се вовлече во НАТО,не земајќи ги предвид националните интереси“, нагласува  Захарова.

Захарова воедно истакна дека Министерството за надворешни работи на Русија ја повикува Македонија да појасни дали зборовите на министерката Шеќеринска , кои ги објави агенцијата „Блумберг“, се вистинити, имајќи го предвид фактот што до сега никој не ја демантираше нејзината  изјава .

За потсетување„Блумберг“ неодамна објави интервју со Шеќеринска во кое министерката за одбрана на Македонија наводно имаше изјавено дека новата Влада во Скопје ги зголемува напорите за влез на Македонија во НАТО, тврдејќи дека членството во таа воена алијанса ќе ја заштити земјата од руското мешање во нејзините внатрешни работи.

 

 

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This