МАРКАДУЛИ НЕ ГО ПОЗНАВАЛ БОРКО РИСТОВСКИ: Не го познавам човекот и немам коментар за непознати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бурни реакции во јавноста предизвика снимката која се појави вчера, на која за време на седницата на загадувањето градоначалникот Петре Шилегов беше фатен како игра на мобилен, пренесува Фокус.

Покрај Шилегов, на тапет беше ставен и Јани Макрадули, заменик министер за животна средина, кој на фотографијата  заспал за време на седницата.

Сепак, Макрадули демантира дека спиел за време на седницата, туку едноставно бил фотографиран во положба додека чита, а како што вели, фотографијата била обработена, со цел да му се наштети.

-Се гледа од снимката дека читам, дека на фотографијата е интервенирано, плус (блурирани очите) и дека секој коментар е злобен. Но, тоа мене нема да ме поколеба во борбата за чист воздух и реализирањето на планот за чист воздух. Очигледно на некој му смета и тоа што се договоривме со опозицијата заклучоците да ги градиме заедно. Бев цело време од 11 до 15:45 часот и зборував на крај каде одговорив на сите прашања, што значи сите сум ги слушал и запишувал – изјави тој за ,,Фокус”.

Во врска со критиките од страна на репрезентативниот ракометен голман, Борко Ристовски, кој порача дека однесувањето на Макрадули и Шилегов е срамота и брука, додека Македонија се гуши, заменик министерот вели дека не го познава Ристовски и затоа нема да го коментира.

-Не го познавам човекот и немам коментар за непознати – порача тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This