МАРКОВСКИ ЗНАЕШЕ КОГА УДБА ГО СЛЕДИ: Ратајковски за средбата со Миле Наумовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Карши гимназијата „Јосип Броз- Тито“ имаше кафана и одевме таму многу често… Бидејќи Миле стално беше под присмотра од службите, јас не ги гледав, но тој знаеше кои се, и ќе влезевме внатре, ќе седнеме, па ќе влезе тој што доаѓа по него и ќе запали цигара. И ќе рече Миле, ајде да станеме, па тој ќе мора да ја гаси цигарата, бидејќи излагаме, треба да оди по него. Такви состојби имаше често. А вистините потоа доаѓаа околу таквата состојба. А што е вистина (пауза), не знам! … во спротива на станот кадешто живееше покрај Вардар, на последниот спрат секогаш имаше вперена камера во влезот на Миле. Ние не знаевме, но Миле ни вика, гледај ги сега горе! Сѐ знаат што правиме.“ – се сеќаваше Миле Наумовски, голем пријател на семејството Марковски и еден од најдобрите другари на Миле Марковски.

Со Миле Наумовски договоривме средба во Ирскиот паб, во Градскиот трговски центар, покрај Вардар. Сосема бесшумно го паркираше велосипедот и на карактеристичен скопски дијалект ме поздрави. Тивок, одмерен во говорот и прилично возбуден поради темата за разговор, прилично емотивно раскажуваше за својот најдобар другар Миле Марковски и за времето поминато заедно во домот на Венко.

„Он беше голем љубител на „Вардар“ и одевме на стадион. Миле беше мајстор да ги залепи картите. Влезниците се кинеа со перфорација. Ќе се качат горе ќе ни ги фрлат парчиња од картите и Миле знаеше да ги залепи перфорираните и влагавме со истите карти. „Вардар” беше во мода тогаш, и тоа многу… Инаку Миле беше многу талентиран. Беше и шахист. И во Ново Место имаше југословенски шаховски натпревар и бидејќи сите партии ги заврши со реми, му ставија прекар во весниците „Ремизовски“. Добар шахист беше и добар писател беше… но и тој одлучи да си замине (во Бугарија м.з). И си замина човекот!“

Миле Марковски со семејството се сели во Софија, каде што веќе живее Венко Марковски. И покрај тоа, контактите меѓу двајцата другари продолжуваат сѐ до смртта на Миле.

„Одевме многу често во Бугарија, бидејќи и на Гроздан Попов, (татко му, м.з) Кочо Попов, живееше таму, а неколку години помина и во затвор, значи заедно одевме со Гроздан Попов. И бидејќи Гроздан Попов знаеше бугарски и ќе го побаравме Миле во уредништвото каде што работеше… Гроздан му се јавува на Миле во редакцијата а ние ја слушаме на спикер реакцијата на секретарката: Марковски! Марковски! Трси ве некој с’с развалено блгарско ударение! (се смее)… И долги години после тоа со Гроздан на таа тема си правевме шеги. “

А за Венко? Која ти е првата асоцијација за него?- му велам

„Благодарение на Венко јас станав Македонец! Чувството за Македонец кај мене е неизбришливо! Јас тогаш станав Македонец! Покрај него…“ – ја сменивме темата и од Миле го продолживме разговорот за Венко.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10156898087307963&set=a.10152563294497963&type=3&theater

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This