МАРКО ЗВРЛЕВСКИ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ РАЗРЕШЕН: Антикорупциска ја објави одлуката – разрешувањето на јавниот обвинител за време на изборниот период е незаконска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Именувањата и разрешувањата на директорите кои новата власт ги направи во последниот период се противзаконски и противправни, соопштија од Државната комисија за спречување на корупцијата. Сите смени на директорски позиции кои новата Влада ги направи после распишувањето на локалните избори се противзаконски. Исто така Собранието не смее да го разреши ниту Марко Зврлевски од позицијата јавен обвинител, се до одржувањето на локалните избори

До одржувањето на локалните избори, Собранието не смее да го разреши јавниот обвинител, Марко Зврлевски, велат од Државната комисија за српечувањена корупција. Пратениците на СДСМ веќе подолго време се обидуваат противправно и противзаконски да разрешат Зврлевски и да постават јавен обвинител кој под маса ќе ги стави предметите за криминалитена премиерот Зоран Заев и други лица од врхушката на владеачката партија.

-Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конститурање на советот на општините и градот Скопје, постои законска пречка да разрешуваат  и да се именуваа лица од и во државни и јавни институции каде надлежност за именување или разрешување има Собранието на Република Македонија или други институции кои вршат именувања и разрешувања, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ од антикорупциска побара изјаснување за овие именувања и разрешувања на осми август.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This