Мароко затвора градови, милиони луѓе во карантин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Мароко од ноќеска на полноќ стапи на сила забраната за влез во некои од најголемите градови во земјата, поради зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус.

Забраната за влез се однесува на градовите Казабланка, Маракеш, Фез и други, пренесе Ројтерс.

Пред еден месец беа ублажени мерките донесени за спречување на ширењето на коронавирусот, но поради зголемениот број на случаи донесени се нови мерки.

И натаму е на сила забраната за меѓународни летови на националните авио компании, освен за слецијални летови со кои државјаните на Мароко или странските државјани се превезуваат.

Вчера беа потврдени 633 нови случаи на ковид-19 што е најголем број на случаи во еден ден.

Од почетокот на пандемијата во Мароко заболеа 20.278 луѓе, а 313 починаа.

На сила е вонредната состојба до 10 август што на властите им овозможува да спроведат рестриктивни мерки во зависност од развојот на епидемиолошката ситуација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This