Марјана Станојковска се крие под дрво и камен откако се обелодени нејзината врска со Пеце Наумовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Познатата водителка Марјана Станојковска и поранешниот кошаркар Петар Наумовски се во љубовна врска. Да добро слушате и добро гледате..“ Ова е воведот од вчерашниот прилог емитуван во емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ.

Екипата на естрадниот магазин дури објави дека лото девојката е бремена, иако нагласи дека оваа информација сѐ уште не им е потврдена.

За да е стаави крај на шпекулациите магазинот „Убавина и здравје“ се обидеа да ја побараат атрактивната Марјана и да ја прашаат дали оваа приказна е вистинита, но за жал, Станојковска не одговори на повиците, па јавноста остана покуси за одговор.

Сепак, незалудно рекле, каде што има дим, има и оган, а со самото тоа што Марјана не се потруди да ја демантира оваа вест голема е веројатноста истата да е вистинита.


Знаеме дека атрактивната водителка е постојано во центарот на вниманието на јавноста, па така веруваме дека оваа работа нема да остане заборавена. Кога тогаш, Марјана или славниот кошаркар секако ќе мораат да го искажат својот став, па засега оставаме на времето да покаже дали се работи само за уште една шпекулација или заљубениот пар и официјално ќе ја обелоденат својата врска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This