МАРЈАН РИСТЕСКИ СО ЕМОТИВЕН СТАТУС: Херои прилепски, јунаци Македонски мои соборци од Карпалак!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Прилеп, со фејсбук статус се огласи на својата фејсбук страница во врска со настанот Карпалак. Тој се потсети на тој ден, статусот ви го пренесуваме интегрално:

Херои прилепски, јунаци македонски.Задоволство беше да се борам рамо до рамо со Вас мои соборци од Карпалак, но и многуте други бранители кои застанаа на браникот на татковината во тежок период.

Достојно спроведуваќи ја нашата граѓанска обврска да си ја браниме државата ,заминавме горди и во занес од љубов кон Македонија, која и ден денес ни е се!

За жал 10 мина од нас не се вратија, положуваќи ги своите млади животи за Македонија, за сите нас кои денес живееме во неа.

Ги оставија своите блиски во вечна тага и непребол и тие треба да бидат горди на нив за нивната храброст и жртвата што ја дадоа за нашата Македонија!

Злосторниците кои кукавички не нападнаа од заседа се надеваме дека еден ден ќе бидат изведени пред лицето на правдата и пред Бога , ќе платат за овој кукавички чин и злостор што го направија.

Браќа! Засекогаш ќе бидете во нашите срца , почивајте во мир херои наши!

Да изразам сочуство и почит и на нашите браќа соборци кои починаа и после овој настан и за жал ги нема со нас на овој голем ден 8 Август.

Ги нема заедно да тагуваме, да оддадеме почит, да се сеќаваме на овој ден , ден кој со крв е испишан во историјата на Прилеп и нашата Македонија.

Секоја чест и почит на семејствата на загинатите , почит на преживеаните херои од овој настан кои секогаш се спремни како и во 2001 да застанат на браникот на татковината , која заедно со нас е во вечна борба за правда и опстој…

Македонија да ни е вечна !
Да е вечен споменот за Карпалак !

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This