МАСАКРОТ ВО СМИЛКОВСКО, МОНЕТА ЗА ПОТКУСУРУВАЊЕ: Дали цената на коалицирање на Заев со ДУИ е ослободување на обвинетите за убиство на децата од Смилковско?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев во текот на кампањата, а особено по завршувањето на парламентарните избори во 2016 година постојано повторуваше дека нема да коалицира со лица за кои постои обвинение или сомнеж за сторен криминал согласно материјалите доставени до СЈО. Дали цената на коалицирање на Заев со ДУИ е ослободување на обвинетите за убиство на децата од Смилковско?, анализира порталот Денешен.мк.

Родителите на свирепо убиените момчиња кај Смилковско Езеро тврдат дека Зоран Заев им покажувал транскрипти поврзани со случајот Монструм со кои се потврдува вмешаноста на обвинетите со петкратното убиство, но истовремено и за наводна телефонска комуникација на Невзат Бејта со Фејзи Азири, едно од обвинетите лица.

Јавноста со право се прашува, ако Заев поседувал и покажувал материјали кои го врзуваат Бејта со обвинетите, дали тие материјали се предадени во СЈО заедно со 38.000 фајлови поврзани со овој случај (овој податок го објави Фокус повикувајќи се на извор од СЈО).

-Зоран Заев на фанфари најавуваше дека своите кадровски политики ги консултира со СЈО кои му потврдуваат дали некој е инкриминиран или не со нелегално прибавените разговори. Впрочем Зоран Заев потоа на локалните избори го кандидираше Невзат Бејта како кандидат за градоначалник на општина Гостивар. Ова отвора сомнеж дека оваа кадровска одлука или не била консултирана со СЈО, или СЈО не го видел овој транскрипт за кој тврдат дека го виделе родителите на убиените деца или СЈО нема кај себе никаков ваков транскрипт во 38-те илјади фајлови, пишува порталот.

Колку материјали предаде Заев на СЈО?

Уште пред една година медиумите го поставија прашањето дали во СЈО се предадени сите материјали кои Зоран Заев ги поседуваше. Медиумите тогаш анализираа дека не соодвествува бројката на предадени со бројката на фајлови кои Заев тврдеше дека ги има.

Од пописот кој што СЈО го објави за примени материјали, на Катица Јанева и се предадени 546.948 фајлови на екстерниот хард-диск, од кои 540.646 се аудиофајлови и 6.302 фајлови со различен формат (word, excel, PDF и други) плус 119.088 транскрипти од разговори и од СМС-пораки, содржани во спирално укоричени книги или вкупно околу 666 илјади фајлови. Зоран Заев во интервјуто за Сител тврдеше дека поседува над еден милион разговори, што говори дека разликата е околу 400 илјади разговори.

Дали во овие спорни 400 илјади разговори, кои можеби се, можеби не се предадени во СЈО, се наоѓаат и некои од клучните транскрипти и разговори за кои родителите на убиените деца тврдат дека се поврзани со фунционерите на ДУИ?

Наќевски: Бомбите за Монструм се во штабот на СДСМ

Таткото на убиениот Александар Наќевски обвини дека кога била склучена коалицијата СДСМ-ДУИ, Заев манипулирал со доказите кои водат до вистината за убиството кај Смилковското Езеро.

„Кога бевме кај Заев рече дека ќе ни даде 6 разговори државна тајна за 6 функционери на ДУИ. Но, подоцна тие станаа 5. ДУИ тогаш беше нивни противник. Заев ни ги покажа транскриптите, ни го посочи Невзат Бејта и ни покажа транскрипт од разговор меѓу Невзат Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде тие 5 државни тајни“, рече Наќевски.

Таткото на Александар Наќевски во име на сите родители и роднини на жртвите, побара претрес во седиштето на СДСМ, затоа што е уверен дека транскриптите се скриени таму.

Судот не се изјасни по овие барања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This