МАСОВЕН БОЈКОТ: Движењето #Бојкотирам растура на социјалните мрежи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев и СДСМ се соочуваат со досега невиден автохтон граѓански отпор во Македонија, граѓаните се самоогранизираат да ја спречат капитулацијата на Македонија во преговорите со Грција. Граѓаните покажаа свест која досега била отсутна во државата кога станувало збор за националните и државните интереси, а иницијативата #Бојкотирам обедини граѓани од сите политички партии како и неопределени граѓани. Губењето на името, јазикот и идентиетот се покажаа како иницијална каписла за освсетување на Македонецот, но и на голем број граѓани со различна етничка припадност кои како никогаш досега покажаа лојалност кон државата, но и своите соседи Македонци.

Бројките на прегледи кои движењето #Бојкотирам ги има по социјалните мрежи предизвика огромен страв кај власта по што тие под дрво и под камен започнаа да ги бараат водачите на иницијативата. Веројатно тие влијае и на одлуката на Заев, референдумот да биде консултативен и тој да прекрши уште едно ветување кон своите гласачи и целосно да биде разобличен пред македонската јавност.

Нашиот портал се гордее на својата контрибуција во растот на популарност на движењето и веројатно е еден од најголемите контруибутори во неговиот подем. Сепак граѓаните се оние кои се за поздрав и оние кои на крајот од денот се најзаслужни за овој процес кој не може да се запре, процес во кои граѓаните конечно одлучија дека моќта за одлука за нивната иднина е кај нив, а не кај политичарите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This